Контрапункт

 Основање и идеја | Луѓе | Принципи | Од статутот... | Графички материјали | Контакт |



Контрапункт Слевање на маргините Tочка Маргина Галерија






????

Луѓе


Контрапункт се: Никола Гелевски, Роберт Алаѓозовски, Искра Гешоска, Александра Бубевска, Бојан Ивановиќ, Небојша Гелевски, Марјонка Велјановска, Мерита Кули, Џабир Ахмети, Сенка Наумовска, Никола Ефтимов, Елена Велјановска, Владимир Јанковски, Маја Чанкуловска, Бранко Прља, Зоран Поповски, Димитар Самарџиев, Душан Велјановски, Тамара Буштреска, Перо Георгиев...


Надминувајќи ја првата, "идеалистичка", фаза од нашата работа, го формиравме здружението Контрапункт кое, се разбира, ќе се обиде да се развива и пошироко од рамките на проектот Ширење/Слевање на маргините, но во значаен дослух со неговите идеи, цели и намери.
Во рамките на Ширењето/Слевањето на маргините најголема енергија во првата половина на 2002 година потрошивме на формалното институционализирање на проектот; при крајот на 2001 го формиравме здружението на граѓани Контрапункт, а во почетокот на 2002 изнајмивме една стара куќа во Скопје и од неа создадовме мал културен центар, со читалница-книжарница, со дебатен простор и со галерија за изложби и проекции. Во рамките на културниот центар Точка свои канцеларии имаат Темплум и Контрапункт, носителите на проектот Слевање на маргините.

Колектив на Контрапункт и на Точка

Во моментот, пет луѓе работат во организацијата со полно работно време. По потреба се ангажираат и разни хонорарни соработници. "Контрапункт" може да ангажира и околу 25 волонтери за разни тековни активности од посложен тип.


Искра Гешоска - извршен директор

Никола Гелевски - административен директор

Роберт Алаѓозовски - програмски координатор

Владимир Јанковски - програмски помошник

Бранко Прља - графички дизајнер и оддржување на веб

 


Искра Гешоска - Извршен директор
есеист, проследувач на театарот и јавното мислење, постдипломец
е-маил:
iskra.geshoska@gmail.com
tel.fax. office:
+389 2 3225 825

Извршниот директор е одговорен за реализацијата на целокупниот проект, за сите активности поврзани со некоја поединечна програма. Таа е одговорна за делот на кампањите, за организирање на настани во и надвор од Скопје согласно програмата за децентрализација, и за координација и размена на информации, интелектуални и уметнички содржини. Таа е одговорна за тековното функционирање на тимот, за потребите на проектот. Таа е одговорна за финансиските и наративните извештаи.


Никола Гелевски - административен директор
писател, издавач, главен и одговорен уредник во Маргина
е-маил: nikola.gelevski@gmail.com
tel.fax. office:
+389 2 3225 825

Административниот уредник ја застапува, ја надгледува, ја следи, ја контролира работата, дава идеи, потпишува договори, ја одобрува реализацијата на проектот. Тој е најангажиран во издавачкиот дел од програмата. Тоа значи уредувањето на "Маргина", работата на додатоците создадени од локалните тимови, продукција на ЦД-еа во Маргина со локални бендови, уредување на брошурите и зборниците. Тој работи и на подготовка на кампањите. Негова посебна одговорност се формулација и реформулација на идеите и пораките на проектот.


Роберт Алаѓозовски - програмски координатор
магистер по литература, независен истражувач, критичар и новинар
е-маил:
robert.alagjozovski@gmail.com
tel.fax. office:
+389 2 3225 825

Програмскиот координатор е со-одговорен за организирањето настани проектирани во програмата за децентрализација. Тој е одговорен за конкретните контакти со локалните партнери; работи на терен при организацијата на настаните. Помага во приготвувањето на наративните и финансиските извештаи и преведува за зборниците предвидени со проектот, "Маргина" и за останатите работи. Тој е одговорен за содржинскиот дел на сајтот на Контрапункт.


Владимир Јанковски - програмски помошник
постдипломец по литература
е-маил: vladimirjankovski@yahoo.com
tel.fax. office:
+389 2 3225 825

Владимир Јанковски работи на програмата на издавачката куќа "Темплум". Но по потреба, хонорарно или волонтерски, помага во дел од програмските активности на проектот "Слевање на Маргините".


Бранко Прља - Графички дизајнер и оддржување на веб
писател, графички и веб дизајнер
е-маил: brankoprlja@gmail.com
tel.fax. office:
+389 2 3225 825

Графички ги уредува сите работи поврзани со проектот и ја одржува технички опремата. Ги дизајнира додатоците, каталозите, кампањата, Маргина... Го оддржува сајтот на НВО Контрапункт.


 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |