Контрапункт

 Основање и идеја | Луѓе | Принципи | Од статутот... | Графички материјали | Контакт |



Контрапункт Слевање на маргините Tочка Маргина Галерија






Од статутот...

Од статутот...

член 2

Граѓаните се здружуваат во “КОНТРАПУНКТ” заради остварување на поширок општествен интерес, промовирајќи ги принципите на децентрализација, демонополизација, демократизација, дистрибуција и дифузија во подрачјето на културата и културната политика

 

член 7

Граѓаните  се здружени во "КОНТРАПУНКТ - Здружение на граѓани од Скопје" заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се: 
- постојано преиспитување на преовладувачките начела и стратегии на културната политика на Република Македонија
- деконструирање на тврдокорните, зачаурени и исклучиви културни идентитети и афирмирање на подвижни, прилагодливи, хетерогени идентитети
- разобличување на сите облици на културна дискриминација
- иницирање и потпомагање на различни видови културна продукција на локално ниво
- создавање, стимулирање и поврзување на регионални контра-пунктови кои ќе негуваат блиски културни вредности
- културно интегрирање на општествено маргинализираните заедници, групи, идентитети
- активно партиципирање во процесите на културна интеграција на невладините организации во Југоисточна Европа  

 
 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |