Контрапункт

 Основање и идеја | Луѓе | Принципи | Од статутот... | Графички материјали | Контакт |



Контрапункт Слевање на маргините Tочка Маргина Галерија






Основање и идеја


Основање

Здружението на граѓани "Контрапункт" е регистрирано во Скопје во декември 2001. Негови основачи се: Никола Гелевски, Искра Гешоска, Александра Бубевска, Беди Ибрахими, Жарко Трајановски, Роберт Алаѓозовски (Валандово) и Никола Маџиров (Струмица).
Јадрото на луѓето околу "Контрапунт" се активни од почетокот на деведесеттите меѓу другото и со:
-издавање на магазинот Маргина. Од 1994 Маргина излегува четирипати годишно објавувајќи текстови претежно од странски но и од домашни автори од областа на теоријата на културата, културната политика, глобализацијата, феминизмот, уметноста и литературата и тн.
-организирање локални и регионални настани (од 1998);
-изведување на проектот "Ширење на Маргините" (2000-2002);
водење на Културниот центар "Точка" (од мај 2002)

Мотивот за формирање на здружението на граѓани КОНТРАПУНКТ е организирана промоција на принципите на децентрализација, демонополизација, демократизација, дистрибуција и дифузија во подрачјето на културата и културната политика.  


Идеја

Моќта е во центарот на културната политика. Таа е интегрален дел од културата. Сите означувачки дејствија - односно сите практики кои имаат некакво значење - вклучуваат и односи на моќ.

Сакаме да посочиме на постојаните промени што се случуваат помеѓу културата, политиката и теоријата во поширокото општествено поле.

Цел ни е да го развиваме критичкото мислење наспроти сите хегемонистички интелектуални практики.

Ја следиме идејата на Тери Иглтон кој прави важна разлика помеѓу академичарите и интелектуалците. Академичарот е некој кој внатре во академските институции се занимава со одредени форми на дискурс.

Интелектуалецот е некој кој се обидува да посредува помеѓу институциите и целата култура.

Интелектуалецот не е некој чијшто занает се идеите (како што е кај академичарите) туку тој се обидува да постигне тие идеи да имаат влијание врз пошироката општествена околина. Интелектуалецот има чувство за политичка одговорност!  


 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |