Контрапункт

 Основање и идеја | Луѓе | Принципи | Од статутот... | Графички материјали | Контакт |



Контрапункт Слевање на маргините Tочка Маргина Галерија





 


Наши принципи

Наши принципи


И локализација и глобализација и регионализација

Глокализација е неологизам кој добро ја објаснува позицијата на Контрапункт и Маргина: само длабоко внатре може да се биде далеку надвор, вон центрипеталната мелница на нашата паланка, таму некаде во искрите од мелничките камења, или мистично заѕидан како Поовска мачка, како чеширскиот мачор на Керол, всушност, додека трепкајќи исчезнуваш и се појавуваш, меѓу ѕидовите, толку далеку а толку блиску. 

Создавање стратегија за општествен идентитет

Неопходен услов за поголема демократизација е радикална промена во перцепцијата на идентитетот. 

Културата како развоен ресурс

Според нас, прашањето на културата е едно од најважните општествени прашања. Културата може да биде силен ресурс за општествен развој. 

Култура, комуникација - регионални потреби

"Да ги повториме, поради оние кои нè обвинуваат дека 'блееме за мирот по секоја цена', ставовите за кои отсекогаш сме се залагале: подобро војна отколку ропство, подобро арбитража отколку војна, подобро помирување отколку арбитража." 

Промена на атмосферата

Една од главните стратегиски цели треба да биде промената на атмосферата на живеење во регионот. 

 

 
 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |