Контрапункт 

|

 Точка 

|

 Слевање... 

|

 Маргина 

|

 Галерија 





Постои, според Фројд, табу на вистината, врз чиишто маргини би требало да може да се пишува.

Жак Дерида

Маргина

 Најнов број | Маргина во Точка | Архива на печатеното издание | On-line текстови... | Контакт |

(Пред)историјата на Маргина
во три (3:) точки


1) Првиот број на Маргина излезе во март 1994-та година. Во Македонија дотогаш немаше списание од областа на културата што се занимава со современата култура, со современата уметност, со актуелната теорија, со новите медиуми, со преводи на современа литература.
"Постои (според Фројд) табу на вистината, врз чиишто маргини би требало да може да се пишува." (Дерида) 


 Младите автори, особено оние кои негуваат понеконвенционален (и субверзивен спрема анахроните културни стереотипи) израз, до појавата на Маргина, немаа каде да објавуваат. Тоа беа некои од причините зошто го придвиживме списанието. За овие десет години се појавија 66 броеви од списанието. (2
(...) Помеѓу тие две сечива (треба да се биде субверзивен и конструктивен едновремено, или, како што вели Дерида, "одговорно анархичен") Маргина ќе треба да си го најде своето место. (од уредничкиот уводник во Маргина#1)


(3)
Маргина најпрвин беше замислена како месечник, но веќе во втората година од излегувањето стана двомесечник, за конечно, поради хроничните финансиски проблеми, да се стабилизира како тромесечник. Доколку дојдат подобри времиња, логичниот од на списанието би требало да го заврти својот круг и Маргина одново да стане месечник (можеби со променет, магазински формат).

(...) Маргина е сè, само не е опортунистико четиво. Ако содржи каква било педагошки употреблива порака тогаш таа гласи: опортунизмот не е нешто што нужно се исплаќа. Само оној што му се спротивставува постигнува вистински успех.
(елементи на самосвест во Маргина#42, Int coop Bastard) 




Најновиот број на МАРГИНА донесува: