Контрапункт 

|

 Точка 

|

 Слевање... 

|

 Маргина 

|

 Галерија 



Ние сме разлика... нашиот разум е разлика на дискурси, нашата историја е разлика на времето, нашето битие е разлика на маски. Таа разлика е - далеку од тоа да биде заборавено или надокнадено потеклото - оваа дисперзија, којашто ние сме и којашто ја создаваме.

Мишел Фуко

Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Градовите во Македонија | Графички материјали |
 

Средба со американските поети Крег Чури и Кери Шон Кис
во кафе-книжарницата Магор


Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во соработка со Културниот центар Точка организира средба со американските поети Крег Чури и Кери Шон Кис. Средбата ќе се одржи во кафе-книжарницата Магор, во понеделник, 23 октомври, со почеток во 19.30. На средбата поетите ќе се претстават со дел од своето творештво, по што ќе следи кус разговор за нивното творештво.

Barcelona in 48 Hours
проекција на филм во клубот "Лудница"

18.07.2006 (вторник) во клубот "Лудница" ќе се оддржи проекција на филмот Barcelona in 48 Hours

Што е слевање

Проектот Слевање на маргините е тригодишен проект за поттикнување на културна продукција на локално ниво, културна размена меѓу градовите во Македонија, и културна соработка меѓу различни институции, државни и невладини, како и креативни и уметнички групи и поединци. Проектот е посебно насочен кон младите, запоставените, креативните и иновативните уметници и интелектуалци од различно етничко, културно и социјално потекло.
Овој проект е подржан од Швајцарската програма за култура - Македонија и од Фондацијата Институт Отворено Општество - Македонија.