Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Проекција на видео дела на дански уметници
проекција

05.07.2007, четврток, 20.30

 

 

 
 

Би сакале да Ве информираме дека во четврток (5 јули) со почеток во 20.30 во Културниот центар Точка ќе се одржи проекција на видеа на дански уметници кои ја прикажуваат Данска во релација со Другиот, притоа покажувајќи ја нејзината друга страна.

Ќе бидат прикажани следниве дела:

Nanna Debois Buhl: Разгледници - Тиволи, 2006. Приказна за легендарниот забавен парк Тиволи во Копенхаген и идејата за Ориентот; делото се занимава со односот на национализмот некогаш и сега.
Nanna Debois Buhl (1975) е ликовна уметница која живее во Копенхаген. Работи на полето помеѓу документарноста и фикција фокусирајќи се на односот помеѓу јазикот, идентитетот, полот, просторот и урбаните структури. Дипломирала на Кралската Данска Академија за ликовни уметности во Копенхаген. Имала студиски престои во Амстердам и Париз. Член е на уметничката група Women Down the Pub.
»  www.nannadeboisbuhl.net

Sonja Lillebaek Christensen: Концепцијата на соседството: Илузија и кошмар, 2006. Во фокусот на ова видео се предрасудите и отуѓувањето во односот со нашите соседи.
Sonja Lilleback Christensen (1972) е ликовна уметница која живее во Копенхаген. Нејзините дела поаѓаат од гледна точка на креацијата и одржувањето на стереотипите од каде доаѓаат категоризациите и предрасудите што ги наметнува општеството, но и ние самите; оттука таа ги истражува факторите што константно репродуцираат различни нивоа на секојдневниот живот. Sonja Lillebaek диломирала на Јутланд Академијата за ликовни уметности во Архус, Данска.

Jesper Just: Ниеден човек не е остров, 2003. Ова видео ја претставува областа Blagaards Plads во Копенхаген, која се смета за проблематична, со многу имигранти и криминал, но овде прикажана во поинакво и попоетско светло од обично.
Јеспер Јуст (роден 1974) е ликовен уметник кој живее во Копенхаген. Неговите видеа ја истражуваат улогата на родовите и начинот на кој културите ги генерираат и разбираат. Употребувајќи ја продукциската стратегија што ги имитира холивудските филмови, тој обично ги субвертира машките улоги преку откривање на нивните експресивни емоции. Јеспер Јуст дипломирал на Кралската Данска Академија за ликовни уметности во Копенхаген.
»  www.jesperjust.com

Nynne Haugaard & Nikolaj Kilsmark: Во што веруваш?, 2004. Анализа на медиумите, реалноста и фиктивните реалности поставени преку интервјуа со голем број луѓе од различно потекло и со различни убедувања.
Nynne Haugaard (родена 1976) и Nikolaj Kilsmark (роден 1971) се ликовни уметници што моментно живеат во Катманду, Непал. Нивната соработка започна пред 7 години во Данска каде што живееја во тоа време. Тие му даваат поинакво значење на Gellerup (област населена со голем број имигранти) од она кое е претставено во мас медиумите преку кажување приказни и презентирање поинакви слики. Нивната работа обично е во релација со политичката, социјалната и естетската пројавност.
Nynne Haugaard дипломирала на Кралската Данска Академија за ликовни уметности во Копенхаген. Имала студиски престои и на Јутланд Академијата во Архус, Данска и на Frei Klasse Hdk во Берлин. Член е на уметничката група Women Down the Pub. Nikolaj Kilsmark дипломирал на Јутланд Академијата за ликовни уметности во Архус, Данска. Тој е член на уметничката група која стои зад еден проект во процес
»  www.5millionpeacemarch.org

АГОЛ е проект во процес на Центарот за современи јавни уметности Елементи, а првите две години во соработка со поканети куратори од повеќе земји: Dianne Hagen (Amsterdam), Lars Breuer (Dizeldorf), Karin Hindsbo (Kopenhagen), Simon Sheikh/Alex Villar (New York), Аленка Грегорич (Љубљана), Саша Јањиќ (Белград).


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |