Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Повик за учеснички/учесници на работилницата за волонтери
работилница

23-24.08.2007

 

 

 
 

Здружението на граѓани Контрапункт
во рамките на проектот
“Филантропски шешир”

објавува

повик за учеснички/учесници
на работилницата за волонтери
Скопје, 23-24 август 2007


Ја покануваме секоја заинтересирана индивидуа
отворена за стекнување нови знаења и вештини
од областа на волонтерството, само-организацијата во културата, проектен
и оперативен менаџмент, активизам и дејствување во културата,

да го најави своето учество на работилницата
со куса биографија и писмо во кое ќе ја потврди личната мотивираност.
Ве молиме вашите писма на мотивација (не подолги од 2000 знаци) да ги испратите
заедно со кусата биографија (во електронска форма) на

kulturencentartocka@gmail.com

до 10. 08. 2007 год.

Лица за контакт:
Роберт Алаѓозовски
Искра Гешоска

Пријавените кандидати треба да покажат посебен интерес за долгорочно дејствување во алтернативната култура. Потребно е да имаат одредено искуство во организација на културни настани, да се запознаени со работата на НВО Контрапункт и културниот центар Точка и да ги споделуваат истите етички и културни вредности. Во рамките на работилница за волонтерство и само-организација во културата регрутираните волонтери ќе се стекнат со увид во концептот на волонтерството во НВО секторот и културата, принципите на работа со и како волонтери, правата и обврските што произлеуваат од статусот волонтер и перспективите за професионален развој. Во вториот дел од работилницата ќе добијат основна обука за тоа што значи “организација и менаџирање на настан од областа на културата”, кои активности и фази треба да се реализираат за да се направи успешен настан. Стекнатите теориски познавања, подоцна ќе имаат можност да ги применат во практика преку тоа што подоцна ќе бидат вклучени во реализацијата на проектните и програмските активности, како и во идната работа на НВО Контрапункт.
 

                                           
 


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |