Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Повик за учеснички/учесници на школата “Критичко мислење и дебатирање на човекови права”
работилница

септември-декември 2007, Точка

 

 

 
 

Здружението на граѓани Контрапункт
во рамките на проектот
“Јакнење на културата на човекови права”

објавува

повик за учеснички/учесници
на школата “Критичко мислење и дебатирање на човекови права”
Скопје, септември/декември 2007

Ја покануваме секоја заинтересирана индивидуа
отворена за стекнување нови знаења и вештини
во кои ќе преовладува критичкиот, а не догматскиот пристап
заради отворање јавни полемики, расправи, дебати
околу современите културни, етички и политички предизвици,
човекови права,
за критички да го деконтаминираме нашиот културен и јавен простор,

да го најави своето учество на школата со куса биографија и писмо во кое ќе ја потврди личната мотивираност.
Ве молиме вашите писма на мотивација (не подолги од 2000 знаци) да ги испратите заедно со кусата биографија (во електронска форма) на

kulturencentartocka@gmail.com

до 20. 08. 2007 год.

Лица за контакт:
Жарко Трајаноски
Роберт Алаѓозовски
Искра Гешоска

Ѓраѓани/ки, студенти/ки, активисти/ки, блогери/ки, колумнисти/ки, новинари/ки! Школата ќе биде тримесечен напреднат курс во кои врвни предавачи од земјата и странство ќе предаваат за основните вештини на критичко мислење, истражување, пишување, дебатирање. Ќе го проучиме концептот на човекови права и техниките за нивна промоција. Ќе ги совладаме техниките за следење, известување и заштита при прекршувањето на нашите права и слободи, особено на загрозените и маргинализириани групи. Обуката ќе биде само првиот чекор. Сакаме стекнатите вештини и знаења да ги искористиме за подолгорочни подобрувања. Ќе организираме серија дебати во Точка и по универзитетите, ќе дејствуваме преку медимскиот простор, ќе направиме прстен од веб портали и блогови, ќе создадеме достапна дата база на информации и референци.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |