Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Берлин, 4 - 11 ноември 2007, првата фаза од проектот “Трансформација на конфликти преку уметноста“
проект

ноември 2007

 

 

 
 

Здружението на граѓани Контрапункт
во рамките на двогодишниот проект
“Трансформација на конфликти преку уметноста “

објавува

повик за учеснички/учесници

на првата фаза од проектот во

Берлин, 4 - 11 ноември 2007

Ја покануваме секоја заинтересирана индивидуа, од 18 до 25 години,
отворена за стекнување нови знаења и вештини
од областа на уметноста, трансформацијата на конфликти, интеркултурно оспособување, градење на мултикултурен тим,

да го најави своето учество на проектот “Трансформација на конфликти преку уметноста”
со куса биографија и писмо во кое ќе ја потврди личната мотивираност.
Ве молиме вашите писма на мотивација (не подолги од 2000 знаци) да ги испратите заедно со кусата биографија (во електронска форма) на

kulturencentartocka@gmail.com

до 20. 09. 2007 год.

Лице за контакт:
Роберт Алаѓозовски

Здружението на граѓани Контрапункт, двогодишниот проект “Трансформација на конфликти преку уметноста “ го остварува во соработка со невладините организации Зона на културата од Марсеј, Франција и Младински центар Кобштрасе од Берлин, Германија. Проектот се одвива во три седумдневни резиденцијални фази; Берлин, ноември 2007, Скопје и Марсеј 2008 година. Мултикултурните тимови, составени од по 8 учесници од секоја земја, ќе стекнат базични познавања од областа на интеркултурната компетентност, зоните на конфликтност во современите општества и градови, и ќе ги истражат можните начини во кои уметничките средства и техники можат да придонесат за трансформација и намалување на конфликтноста. Учесниците ќе го истражуваат театарот, радиото, визуелните перформанси, креативното пишување, фотографијата. Запознавањето на други култури, создавањето интеркултурни пријателства, поттикнувањето на креативноста, тимската работа се дел од целите на овие работилници. Освен со теориски знаења и практични искуства, учесниците во овој проект ќе можат и конкретно, преку низа јавни посети и запознавања да го разоткријат мултикултурното милје на трите европски градови во кои ќе се изведува проектот. Методологијата на работа во овој проект е се потпира на најдобрите практики на неформалното образование: уметнички работилници, јазична анимација, учење преку обиди и примери, интеркултурни квизови,
игри со улоги и сл.
 


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |